.avif)
Магистер инженер архитект
Универзитет “Св. Кирил и Методиј” Скопје

Дипломиран инженер архитект
University American College - Скопје
Нашиот пристап е фокусиран на создавање простори со карактер, смисла и чувство на припадност, кои воедно се длабоко доживеани и искрено почувствувани. Tau Design е архитектонско и ентериер студио основано 2019 година, со силно практично искуство и над 200 реализирани проекти во станбени, угостителски, комерцијални, јавни и полу-јавни ентериери.
Со вас сме низ целиот процес, од првичен концепт и просторно планирање, преку техничка документација и координација со инженери, до комплетна реализација на терен. Овој целосен пристап ни овозможува прецизност, контрола и квалитет во секој детал.
Меѓународното искуство и работата во различни културни контексти постојано ни ја дообликуваат и изоштруваат нашата чувствителност кон просторот, луѓето и различните начини на живот. Веруваме дека добриот дизајн мора да биде локално вкоренет, социјално свесен и лично значаен. За нас, домот не е тренд. Домот е чувството. А добриот простор - слика на човекот што живее во него.